Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во НАТКАСТ на КУРИР посочува дека СДСМ уште сметаат дека единствената опција на државата е да се направат измени во уставот по бугарски диктат. Вели дека за него е изненадувачки што партискиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, убедува дека тоа е паметен чекор.

-На кого му е потребен надворешен непријател кога дома имате вакви луѓе кои што, убаво ги нарекува премиерот, мекотели кои даваат аргумент на спротивната страна да биде трпелива и да чека. Тие шовинистички аспирации од нашиот сосед не доаѓаат од пред 2,3 или 5 години туку тоа се вековни аспирации. Тие со векови чекаа да дојде некој како Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Венко Филипче за да имаат можност да му помогнат да направи некој преврат во нашата држава за да имаат соговорник кој што ќе рече „прифаќам се што вие ќе понудите“, рече Стојановски.

Пратеникот јасно посочува дека ВМРО-ДПМНЕ има сосема поинаков пристап.

-Ние  сметаме дека без разлика колку сме мали, треба да се почитуваме, да се цениме себеси и да имаме достоинство како и што го имаме. Ние нашите аргументи ги кажуваме и после оној првичен бран кој го добиваме „како вие ова го зборувате кога досегашната Влада и СДСМ сега како опозиција кажува дека вие не сте во право, дека треба се да прифатите“, па сега некои сателити во политичката сцена велат „дајте тоа да го направиме па ќе видиме“. Тоа е онаа дневно-политичка шибицарска шема која нас не донесе до овој ќорсокак. Но не е се загубено. Ние сме доволно мудри, рационални, напшата приказна и нашите аргументи да ги соопштуваме во срцето на Европа, во Брисел, во Вашингтон, во Берлин, во Париз и да ги убедиме тие сили дека има една вистина поинаква од таа која им ја кажуваат Бугарите, рече Стојаноски.

Целиот НАТКАСТ погледнете го во продолжение: