Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска во изјава за медиумите истакна дека тие ќе ги прифаќаат барањата на СДСМ и Левица за надзорна расправа и Анкетна кпмисија за трагедијата во Кочани, но, како што рече, да биде проширена и со другите трагедии.

– Ние соопштивме дека треба прво да почекаме да заврши судењето, па потоа да влеземе во ваква операција. Но, со пглед на тоа дека вчера и СДСМ и Левица укажаа дека ќе поднесат такво барање, ние таквото барање ќе го прифатиме. Но, кога разговараме за една ваква тема за која што ние исклучиво кажуваме дека е злоупотребувана за некрофилско добивање политички поени, треба ваквата Анкетна комисија да проширена и за сите да биде проширена и за сите други трагедии за кои нема ни кривична, ниту човечка, ниту политичка одговорност, рече Стојаноски.

Тој потенцира дека во Собранието тееба да се поставуваат прашања за сите претходни трагедии.

-Во Собранието треба да се постават прашања и за модуларната клиника. Треба да се постават и прашањата и за тоа како одредени превозници коишто немале лиценци, и покрај тоа што 60 пати ја поминувале државната граница, доведоа до тоа да изгорат живи луѓе. За Дурму турс и за сите оние трагедии коишто го снајдоа овој народ, посочи Стојаноски.

Повтори дека ќе ја посдржуваат ваквата Анкетна комисија но проширена со сите други трагедии.

-Да, ние ќе ја поддржиме ваквата Анкетна комисија, но и ќе бараме да биде проширена за сите трагедии за коишто за разлика од овој случај нема никаква ниту морална, ниту политичка, а ниту кривична одговорност, рече пратеникот Стојаноски.

Фото: Архива