Јасно да ја воочиме разликата во економскио раст, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук објавата на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално.
За владата на СДС/ДУИ го земаме периодот Q2 2017 – Q2 2024, вкупно 29 квартали. За ВМРО-ДПМНЕ го земаме периодот Q3 2024 – Q2 2026, вкупно 8 целосни квартали. Мериме реален годишен раст на БДП во однос на истиот квартал претходната година. Во 29-те квартали од Q2 2017 до Q2 2024 просечното темпо на реален економски раст е околу 1,9%. Во првите 8 целосни квартали на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е околу 3,5%.
Разликата е над 1,9 процентни поени на страна на сегашната влада или над 90% повисоко просечно темно на раст!
И за никој да не каже дека споредбата ја искривува времето на ковид, ако целосно ги извадиме 2020 и 2021 година, претходниот просек е околу 2,5%.
Односно ако од пресметката ги извадиме целосно 2020 и 2021 година, просекот на раст е 2,5% наспроти 3,5 проценти на сегашната влада.
Значи и без ковид сегашното темпо на раст е околу 40% повисоко.
А разликата не е само во просекот — туку и во стабилноста.
Според кварталните соопштенија на ДЗС, осум квартали по ред економијата расте со најмалку 3%, а најновиот раст е 4,3%.
Бројките директно покажуваат каква е разликата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: архива и принтскрин




