Контролите кои се спроведени од страна на институциите во ЈЗУ и клиниките ставаат на површина факти дека СДС и ДУИ во здравството гледале бизнис. Злоупотребувани се јавните набавки во ЈЗУ и клиниките. Покрај матните тендери на Филипче на централно ниво, за кои јавноста е запознаена, злоупотреби се правени низ поголемиот број на ЈЗУ, обвинува Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Од извршените целосни финансиски контроли во 24 ЈЗУ за 2023 година, кај 19 ЈЗУ се утврдени неправилности во делот на контролата на спроведувањето на постапките за јавни набавки.
-Лоцираните неправилности се во следните ЈЗУ: УК за максилофацијална хирургија – Скопје, Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Ресен, Здравствен дом – Струга, УК за урологија – Скопје, УИ за радиологија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Здравствен дом – Делчево, Здравствен дом – Демир Хисар, Институт за јавно здравје – Скопје, Општа болница – Струга, Здравствен дом – Велес, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар, Центар за јавно здравје – Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо“ – Охрид, Здравствен дом – Пробиштип, откри тој.
Стојаноски порача дека неправилностите во здравството, го метастазирале системот – злоупотребите излегуваат на површина, одговорност ќе има.