Дојдете да го почестиме Гоце Делчев заедно во Скопје на 4 февруари,каде што за безбедноста ќе се грижи и бугарска полиција, за што му благодариме на министерот Оливер Спасовски.
Ова го порачува претседателот на бугарската и антимакедонска „Македонија“ Виктор Стојанов, кој има забрана за влез во земјава. Тој тврди дека е во контакт со македонското МВР, чии полицајци ќе ги придружува неговите следбеници на роденденот на Делчев.
– Дојдете да го почестиме Гоце Делчев заедно во Скопје сега на 4ти, во сабота! Нема да има и нема да се дозволи барикади, блокади или провокации! Во контакт сме со полицијата во Скопје и тие заедно со бугарското МВР ќе се погрижат за редот и мирниот тек на прославата! Имаме организиран превоз со автомобил од Софија. На граница ќе нè пречека полицијата на Северна Македонија и ќе обезбеди превоз до гробот и назад на Гоце, порачува Стојанов.
Тој натаму додава:
– Во 11:30 часот на паркингот Калето ќе дојдат и нашите пријатели од Скопје и Бугарите од цела Македонија, иако поради страв од напади нема да ги има многу. Им благодариме на Министерството за внатрешни работи на Македонија и на Министерството за внатрешни работи на нашата татковина што обезбедија ред и заедно го оддадоа Гоце во дух на разбирање и пријателство – како што ќе биде и во иднина! Дојдете да го почестиме Гоце на неговиот гроб во Скопје, пишува Стојанов од антимакедонска „Македонија“.