СТОЈКОСКИ И МИСАЈЛОСКИ ВО ЃОРЧЕ: Победа за сите луѓе!

/ 21.08.2021

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров денеска оствари средба со граѓани на наседлбата Даме Груев.

Тој на својата официјална Фејсбук страница објави фотографии од денешната остварена среда и напиша:

„Ѓорче Петров заслужува да биде модерна и урбана општина! Благодарност до граѓаните на Даме Груев“

На таа средба, присуствуваше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Тој на својата Фејсбук страница сподели фотографии од денешниот настан и напиша:

„Вода стои, Ѓорче не стои ! Уште првиот ден веднаш на терен, да се видиме со нашите соседи, нашите пријатели, да ги слушнеме нивните предлози и идеи за поубава општина. Aleksandar Stojkoski тргнува во победа за сите луѓе во Ѓорче Петров.“


Од истата категорија