Земјите членки на НАТО и оние кои се стремат да влезат во Алијансата, како што е С. Македонија, мора да ги задоволат сите стандарди, вклучително и оние за безбеден и сигурен начин на комуникација, вели генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт Јенс Столтенберг во интервју за „Гласот на Америка“.
– Тие треба да исполнат одредени барања кога станува збор за цивилната инфраструктура и телекомуникациите, како што е 5Г технологијата, вели Столтенберг, одговарајќи на прашањето за загриженоста околу улогата на Кина во регионот кога станува збор за употребата на нова 5Г технологија.