Пристигнуваат честитики до премиерите на Грција ина Македонија.
Се огласи и медијаторот Метју Нимц кој силно го поздравува договорот за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за прашањето за името.
“Не се сомневам дека овој договор ќе доведе до период на зголемена соработка во односите меѓу двете соседни земји, а особено меѓу нивните народи“, вели Нимиц.
Договорот меѓу Ципрас и Заев за името е поздравен од шефот на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг.
“Јас топло го позадравувам договорот постигнат помеѓу премиерите за решавање на спорот за името меѓу Атина и Скопје. Овој историски договор е резултат на долгогодишната тивка дипломатија и подготвеноста на овие две држави за решавање на спорот која има влијание на регионот долго време. Ова ќе го стави Скопје на патот кон членството во НАТО и ќе помогне во зајакнувањето на мирот и стабилноста на поширокиот западен Балкан”, се заклучува соопштението на НАТО.