Вчерва по вестите за постигнатиот договор се огласи Киријакос Мицотакис, лидерот на опозциската Нова демократија со директен повик до премиерот Ципрас да не го потпише договорот постигнат со Заев.

„Имаме како држава неколку рани да залечиме. Не ни треба отворање нова, особено не во северна Грција. Мој приоритет е да придонесам со сета моја моќ да го чувам задништвото на Грците. Повторувам: Нема да ги поделиме Грците да му се приклучат на Скопје. Проблемот на Скопје не смее да стане проблем на Грција. Го повикувам господин Ципрас да не го потпише договорот“, изјави Мицотакис.

Тој додаде дека шест месеци со водени тајни преговори без за тоа да биде информирана опозцијата во парламентот.

Според лидерот на Нова демократија, премиерот го прекршил Уставот и парламентарниот систем и за тоа ќе го информира претседателот.

-Прифаќањето на македонскот јазик и на македонска националност претставува неприфатливо национално повлекување. Решението е лош договор, спротивно на мислењето на мнозинството Грци“, рече Мицотакис.

Кабинетот на премиерот веднаш одговори: „За несреќа господин Мицотакис докаже дека е инфериорен на околностите“.