Еден ден откако Њујорк тајмс објави дека на Западот му снемува оружје за испраќање во Украина, од НАТО доаѓаат различни пораки и тврдења дека Русија ја губи војната и дека всушност и снемува оружје.
Во пресрет на самитот на западната воена алијанса во Романија, украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба го повика НАТО да го зголеми производството на оружје, а генералниот секретар на овој пакт Јенс Столтенберг вели дека ќе застане на страната на Украина бидејќи „не може да се дозволи на агресорот да победи“.
Столтенберг тврди и дека Русија губи на бојното поле и затоа смета на зимата како сојузник во нејзината инвазија.
– Да, можеме да очекуваме нови напади, никој не може да каже колку и кога, но Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин покажаа ниво на бруталност и нанесување болка што не сме го виделе од Втората светска војна, рече Столтенберг.
Повлекувањето на руската армија прво од Киев, на почетокот на војната во февруари и март, а потоа од регионот Харков, на исток, а неодамна од Керсон, на југ, Столтенберг го гледа како јасни знаци на слабост на Русија.