Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 9 и 10 март годинава во периодот од 23 до пет часот спроведе акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол и возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.
Контролирани биле 151 возач, а кај 11 било утврдено присуство на алкохол. Откриени биле и 111 останати прекршоци.
Констатирано било и дека 30 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило. Издадени се вкупно 78 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози.
Со специјално возило „пајак” се подигнати 21 возило кои биле непрописно паркирани во централното градско подрачје.
Контороли во текот на февруари спровела и полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.
Притоа, полициските службеници контролирале вкупно 2.834 патнички и други моторни возила, од кои, констатирани се 26 технички неисправни и 86 нерегистрирани возила. 91 возачи управувале возило без возачка дозвола а 46 возачки дозволи се одземени поради присуство на алкохол.
Полициските службеници, утврдиле и презеле мерки против 251 возачи кои на своите возила имале фолии за затемнување на стаклата. При акциските контроли, полициските службеници издале 755 мандатни платни налози и 330 прекршочни налози.