Полициски службеници од СВР Штип, вчера, во 12 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип, го лишиле од слобода Т.Н.(44) од с.Уларци, oпштина Чешиново-Облешево поради управување возило под дејство на алкохол.
Како што соопшти МВР, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал T.Н., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,10 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Фото: МИА Архива