Порно ѕвездата Сторми Даниелс чии наводни афери со Доналд Трамп полнеа наслови во оваа година, треба да го отвори саемот за еротика Венера во Берлин. Портпарол на саемот изјави дека Сторми (39) е една од најгиолемите американски ѕвезди во изминатите 16 години.
– Таа моментно е една од најпознатите лица во филмската индустрија, изјави Валтер Хасенцелвер.
Организаторите сакале тоа да го искористат и затоа ја повикале од САД.
Даниелс тврди дека непосредно пред претседателските избори во 2016 година добила 130.000 долари да молчи за аферата што ја имала со Трамп на голф турнир во 2006 година.