ОТВОРЕНО ПИСМО
Како научници и автори сакаме да се осврнеме на прашањето на извртувањето на суштината на Преспанскиот „договор“ во некои кругови, како и портретирањето на сите негови опоненти како националисти и екстремисти.
Договорот не им служи на интересите ниту на Македонија, ниту на Грција. Тој не е заснован на респект за меѓународното право, човековите права и демократските принципи.
Договор којшто се обидува да дефинира политички, историски и културни граници помеѓу „античка Македонија“ и (она што треба да биде) Северна Македонија е бизарен потфат несоодветен за 21 век. Конструкцијата на идентитетите не е работа за која било влада. Македонија е подложена на арбитрарен меѓународен инженеринг против волјата на нејзиниот народ. Поради слабата политичка поддршка, високо поларизирана атмосфера само ги продлабочува внатрешните поделби. Овој асиметричен „договор“ нема да ги намали регионалните тензии, бидејќи само послабата (македонската) страна е принудена на компромис, за да ја натера (Северна) Македонија во НАТО – организација која е самата во идентитетска криза.
Договорот претставува негација на уставниот суверенитет на Република Македонија, со тоа што последниот збор им е даден на пратениците на странска држава (Грција). Новото име е наменето да се употребува не само во меѓународните односи, туку и во внатрешниот правен поредок. Атрибутот „македонски“ ќе биде избришан од сите службени документи и од јавна употреба под закана од орвелијански санкции. За изучувањето на историјата ќе одлучуваат владини тела, а не научните работници.
Меѓународниот мисменаџмент продолжува. Поддржувајќи ги мерките за градење доверба, разрешување на конфликтите и помирувањето, ние застануваме на тврдењето дека Преспанскиот договор не ветува одржлив мир. Членството во НАТО нема да доведе во социјален и економски прогрес или безбедност за малата македонска држава; иронично, но токму Грција е најдобриот доказ за тоа што произведуваат меѓународните диктати на европската периферија.
- Билјана Ванковска, Универзитет Св. Кирил и Методиј
- James Pettifer, Oxford University
- Венко Андоновски, Универзитет Св. Кирил и Методиј
- Milan Kundera, writer, Paris
- Richard Falk, Princeton University
- Žarko Puhovski, University of Zagreb
- Lidija R. Basta Fleiner, University of Fribourg
- Darko Mitrevski, film director, Los Angeles
- Georges Banu, President of the Prize of Europe for the Theatre, Paris
- Jan Oberg, director of Transnational Foundation for Peace and Future Research, Lund
- Gorazd Rosoklija, Columbia University
- Josette Baer Hill, University of Zurich
- Гордана Силјановска-Давкова, Универзитет Св. Кирил и Методиј
- Jean Pavleski, Sorbonne University, founder of Éditions Economica, Paris
- Nada Boskovska, University of Zurich
- Јован Донев, амбасадор
- Stefano Bianchini, University of Bologna
- Vladimir Unkovski-Korica, University of Glasgow
- Pepe Escobar, Geopolitical Analyst at Asia Times
- Radmila Nakarada, University of Belgrade
- Igor Janev, University of Belgrade
- Жидас Даскаловски, Универзитет Климент Охридски
- Nikola Popov, McMaster University, Ontario
- Erol Tufan, poet, Turkey
- Bernd Fischer, Indiana University, Fort Wayne
- Митко Маџунков, МАНУ
- Мите Стефоски, директор на Струшките вечери на поезијата
- Johan Galtung, founder of Transcend University
- Витомир Митевски, МАНУ
- Jean-Patrick Connerade, University of London, former President of EuroScience
- Borislav Pavlovski, University of Zagreb
- Slavko Bogdanov, Columbia University
- Francis D. Raška, Anglo-American University, Prague
- Леонид Грчев, МАНУ
- Михајло Поповски, Универзитет Св. Кирил и Методиј
- Miranda Vickers, Independent Scholar, UK
- Александар Димовски, МАНУ
- Jean Pierre Simeon, poet, editor of Gallimard, Paris
- Бранко Ставрев, театарски режисер
- Emilia Waters, CATS College Cambridge
- Јордан Плевнеш, писател и амбасадор
- Живко Попов, МАНУ
- Марија Ристеска, Центар за истражување и креирање политики
- Катица Ќулафкова, МАНУ
- Димитар Апасиев, Универзитет Гоце Делчев
- Daniel Weiss, University of Zürich
- Victor Bivell, Publisher, Pollitecon Publications, Sydney
- Marko Pavlovski, writer, University of Zagreb
- Елка Јачева-Улчар, Универзитет Св. Кирил и Методиј
- Dragan Duško Vukotić, media specialist, Podgorica
- Јани Бојаџи, филмски и театарски режисер
- Славе Ѓорѓо Димоски, поранешен претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата
- Тодор Чепреганов, Универзитет Гоце Делчев
- Bob Churcher, ex International Crisis Group Country Director, Kosovo
- Богдан Богданов, Универзитет Св. Кирил и Методиј
- Блаже Миневски, писател
- Солза Грчева, професор
- Marjan Popov, Delft University of Technology
- Aleksandar Shulevski, University of Amsterdam
- George G. Durtanosky, Latvian Christian Academy, Riga
- Виктор Ѓамовски, Универзитет Св. Кирил и Методиј
- Антоанела Петковска, Универзитет Св. Кирил и Методиј
- Irena Pavlova de Odorico, poetess, Italy
- Раде Силјан, писател и издавач
- Sašo Kalajdžievski, University of Manitoba
- Aldo Kliman, poet and president of the Macedonian Cultural Forum in Croatia
- Милојка Калкашлиева, судија на Врховскиот суд на Република Македонија (пенз.)
- Paul Filev, Literary Translator, Melbourne
- Ringa Raudola, Department of Innovation and Governance, Tallinn University
- Јовица Тасевски-Етернијан, поет
- Марина Мијаковска, писателка
- Кирил Барбареев, Универзитет Гоце Делчев
- Блаже Ристески, МАНУ
- Zlatko Dizdarević, former ambassador, Bosnia and Herzegovina
- Danilo Gligoroski, Norwegian University of Science and Technology
- Сашо Поповски, академски сликар
Извор:https://m.off.net.mk/