Речиси 2 милиони прегледи имало видеото поставено од мајка на тригодишно дете во Германија на кое се жали дека нејзиниот син не може да се социјализира со другите деца во јавна градинка. Причината е што нејзиното дете заедно со уште едно се двете дечиња кои течно зборуваат германски јазик од целата група.
Видеото е поставено на 15 август од Лин Кретч, мајката на детето и со него се обраќа до политичарите со нејзиниот пример на пропадната имиграциски политика која го принудува нејзиниот тригодишен син, кој нема имиграциско потекло, да се прилагоди кон туѓа околина во градинката.
Кретч тврди дека од 25 деца во групата само нејзиниот син и уште едно дете се без имигрантски корени и само тие зборуваат течно германски, додека другите 23 или воопшто не разбираат германски или го разбираат слабо. Од друга страна, вели Креч, другите деца лесно комуницираат меѓу себе, што ќе рече дека Германчињата се тие кои се изолирани во сопствената земја.
„Мојот син се адаптира кон другите деца. Ова не е интергација, драги политичари, интеграција е нешто поинаку“, вели Кретч.
Ова се случува во Есен, вториот по големина град во Северна Рајна Вестфалија. Креч истакнува дека таа се плаши и за иднината на своето дете кое ќе се чуствува како странец во својата земја.
Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, ја покажа поларизираноста на германското општетство, но Кретч доби и голема поддршка. Некои коментираа дека иста ситуација има и во други градови, како на приер во Берлин.