Во голем пожар кој зафати повеќе од 200 куќи во сиромашниот дел на пристаништето Читагонг во Бангладеш загинаа најмалку осум луѓе, а над 50 се повредени, соопшти локалната полиција.
Пожарникарските служби соопштија дека пожарот е најверојатно предизвикан од краток спој.
Бангладеш е сиромашна земја во која ретко се почитуваат безбедносните правила и каде секоја година во несреќи загинуваат стотици луѓе