Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека Иран сака да воспостави блиски односи со сите земји на Блискиот Исток, регион во кој со децении се натпреварува со Саудиска Арабија.

– Иран е подготвен да соработува со земјите од регионот за зачувување на безбедноста на Блискиот Исток… нашите непријатели Америка и Израел, сакаат да создадат поделби меѓу Иранците, истакна Рохани.

Иран и Саудиска Арабија поддржуваат спротивставени страни во Сирија и Јемен, а Ријад ја поддржа одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Техеран.

Тој нагласи дека односот со САД кон Иран е осуден на неуспех.