Министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Вес Стритинг ги повика граѓаните дома да имаат залихи на готовина, флаширана вода и конзервирана храна во случај на војна или природни катастрофи. Тој предупреди дека Велика Британија е изложена на голем ризик од поплави, пожари, кибер-напади и други закани.
Стритинг рече дека на Британија и е потребен пристап што го вклучува „целото општество“ за да се зголеми отпорноста на земјата, но нагласи дека граѓаните треба да бидат „внимателни, а не вознемирени“ за заканите.
Во интервју за британскиот весник Сан, тој рече дека подготовката на граѓаните не е големо барање, туку подразбира основни мерки на претпазливост.




