Ако ова лето патувате во Грција, возете внимателно и подгответе ја задолжителната опрема, грчката полиција воведе построги контроли и казни за прекршувачите на сообраќајните правила.

На удар се сите што немаат со себе исправен противпожарен апарат (S2 – 2 кг), комплетна прва помош со важечки рок, сигурносен триаголник, резервна гума или сет за поправка, како и рефлектирачки елек што мора да се чува во внатрешноста на возилото – не во багажникот.

Особено се санкционира пушење во возило во присуство на дете/деца – казната е дури 1.500 евра!

Останатите казни изнесуваат:

100 евра за неважечка прва помош,

100 евра за непоставен триаголник,

50 евра за возење со папучи.

Грчките власти предупредуваат дека контроли има секојдневно, а незнаењето на правилата не ве ослободува од казна.