Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум го заврши настапот во европските купови, откако вечерва загуби на реваншот во Исланд од Бреидаблик со 1-0, и со вкупен резултат од 2-0 е елиминиран во плејофот во Конференциската лига.
Струга допатува на реваншот во Копавогур со негатива од 0-1 од првиот натпревар во Охрид, а шансите за историски пласман во групната фаза во европските купови уште повеќе се намалија кога исландскиот шампион поведе пред домашните гледачи преку Виктор Еинарсон веќе во 3. минута.
Македонскиот тим беше немоќен во продолжението да дојде до резултатски пресврт и со елиминацијата од Конференциската лига сега ќе се насочи кон одбрана на домашната титула, а Бреидаблик ќе се најде во утрешната жрепка за составот на групите во третото по ранг европско клупско натпреварување.