Вчера во 19:20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во населба Плитишта во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ф.(36), И.Ф.(64), А.Ф.(41) и Д.Ф.(18), сите од село Лабуништа, струшко и А.М.(28) од Струга.
По преземени мерки лицата биле приведени во Полициската станица Струга и по целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.