МАКРОН: Нема проширување на ЕУ

/ 01.07.2019

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе блокира секакво проширување на Европската Унија, откако земјите членки не успеаја да се договорат за именување кадар за раководните функции во Унијата.

-Скептичен сум кога ни објаснуваат дека иднината на ЕУ е во ново проширување, кога ние 28 не можеме да се договориме. Одбивам секаково проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ, изјави денеска Макрон.

Изјавата на Макрон доаѓа откако  лидерите на 28-те земји членки на ЕУ не успеаја да се договорат околу кандидатите за водечките позиции на институциите на Унијата, поради што по 18-часовни разговори го прекинаа Самитот започнат синоќа и неговото продолжение претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск го закажаа за утре.

Западните медиуми потсетуваат дека одлуката за добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ за Македонија и Албанија  е одложена за октомври.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини во мај предупреди дека доколку со овие две земји наскоро не почнат преговори за членство тоа „ќе ја поткопа стабилноста и сериозно ќе наштети на натамошните реформи“. (МИА)


Од истата категорија