Триесет и седумгодишен жител од струмичкото село Еднокуќево синоќа загинал во сообраќајка на влезот во село Босилово.

Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 21:50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, поточно на влезот во село Босилово, патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Р.(37) од село Еднокуќево, струмичко излетало надвор од патот и се превртело.

Возачот починал на самото место. Извршен е увид на местото на настанот.