На „Скопско лето“ вечер од 20 часот во Театар Комедија е претставата „Забрането смеење“ од Миро Гавран во режија на Игор Ивковиќ и во продукција на театарот „Антон Панов“ од Струмица.
Претставата ги исмејува бесмислените, лажни и себични споделувања емоции. На комичен начин зборува за хипокризијата во секојдневните односи меѓу луѓето, за лажните компромиси што се прават во бракот и за сексуалните фрустрации што произлегуваат од нив.
Учествуваат актерите Стојан Велков, Јасмина Вучкова и Анкица Бенинова. Преводот на текстот од хрватски и неговата сценска адаптација ги направи Горјан Милошевски. Валентино Апостоловски работеше на сценските движења и танците, костимографи се Маре Трајковска и Ванчо Василев, дизајнот на сцената е на Маре Трајковска, а музиката на Виктор Апостоловски и Ставре Ангелаков.
На програмата на „Скопско лето“ вечер од 20.30 во Музејот на македонската борба е и концертот на „Пијано трио“, составено од пијанистот Шкељзен Бафтиари, виолинистката Лида Алиу и виолончелистот Енис Аљи.
На програмата „Кафе кино“, пак, од 21 часот во Сули ан ќе биде прикажан швајцарскиот документарец „Хотел Југославија“ по сценарио и режија на Николас Вањиер.