ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Д. (49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.
Според пријавеното, на 7 септември 2026 година, во семејниот дом, пријавениот бил под дејство на алкохол, се однесувал агресивно и им упатувал закани на неговите родители.
По тоа, како што е наведено во пријавата, тој оштетил дел од покуќнината.




