Примирје во Украина е малку веројатно пред пролетта следната година, а европските сојузници мора да продолжат да ѝ даваат поддршка на таа земја и покрај корупцискиот скандал што го зафати Киев, изјави претседателот на Финска, Александар Стуб.
Стаб рече дека во меѓувреме на Европа ќе ѝ треба „сису“, фински збор за издржливост, отпорност и храброст, за да ги преброди зимските месеци додека Русија продолжува со своите хибридни напади и информациска војна низ целиот континент, пренесоа финските медиуми.
Тој рече дека го користи својот добар однос со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого редовно разговара и повремено игра голф, за да ја претстави позицијата на Украина.




