Патувањето со воз во Германија, како и летовите со авион се отежнати поради студот што ја зафати земјата. Многу возови беа принудени да сообраќаат со помала брзина, а работите на најголемиот аеродром во земјата, во Франкфурт, беа прекинати, што предизвика откажување и одложување на летовите, јави ДПА.
„Очекувајте доцнења“, информира германскиот железнички оператор „Дојче бан“, кој исто така предупреди на голомразица при влегување или излегување од вагоните, како и на многу станици. На сите што патуваат со воз во Германија им се препорачува да проверат онлајн пред поаѓање за какви било доцнења.
Во исто време, портпаролот на аеродромот во Франкфурт извести дека 176 од денешните планирани 1.100 полетувања и слетувања се веќе откажани поради мразот.
Од патниците на аеродромот беше побарано да проверат онлајн дали нивниот лет е сè уште ажуриран пред да се упатат кон аеродромот и да пристигнат на пријавување што е можно порано.
Аеродромските работи не се целосно запрени, но во моментов е дозволено слетување на помалку авиони од вообичаено, бидејќи утринава беше затворена северозападната писта на аеродромот.
Се работи на одмрзнување на пистите и авионите, рече портпаролот на аеродромот во Франкфурт.