Нова студија на ЕУ за антисемитизмот во Европа покажува дека Евреите најмалку безбедно се чувствуваат во Франција и Германија, поради што голем дел од нив размислуваат да ја напуштат Европа.
Дури 93 отсто Евреи навеле дека во изминатите пет години биле соочени со омраза во Франција, а 89 отсто во Германија.
Осумдесет и пет отсто нагласиле дека во ЕУ антисемитизмот е голем проблем во општеството. Најмногу загриженост искажале Евреите во Франција (95) отсто потоа во Гермнаија (85 отсто) додека најмалку се загрижени во Данска (56 отсто).
Студијата покажува дека Евреите во Германија биле соочени со најголем број антисемитски напади. Поради сето тоа, 75 отсто Евреи во Германија наведуваат дека се почесто избегнуваат носење еврејски симболи во јавност, а 46 отсто од нив не одат во делови од градот каде живеат.