Сибирски полицаец кој силувал и убивал жени на кои им нудел ноќно возење денеска е прогласен за виновен за уште десетина убиства, со што е најтежок руски сериски убиец во последно време.

Суд во Иркутск го прогласи Михаил Попков за виновен за убиство на 56 жени во периодот 1992 – 2007 и го осуди на двојна доживотна казна. Тој е веќе во затвор откако беше осуден за убиство на 22 жени во 2015 година.

Попков (54) е прогласен за виновен и за силување на 10 жени. Тој им нудел на жени возење доцна ноќе понекогаш и во полициски автомобил, додека не бил на служба.

Ги убивал користејќи оружје како и чекан и секира и нивните тела потоа ги фрлал во шума до пат и на локалните гробишта.

Себеси се опишал како „чистач“ кој својот дом го чисти од проститутки. Сите жртви биле на возраст од 16 до 40 години.