Вакцините на Фајзер/Бионтек и Модерна го намалуваат ризикот од зараза со коронавирусот до 80 проценти „две недели или повеќе“ по првото вакцинирање, покажаа резултати од студијата спроведена на 4.000 вакцинирани здравствени работници во САД.

Во истражувањето, кое го спровеле американскиот Центар за контрола и превенција на болести, се наведува дека две недели по вакцинирањето со втората доза на овие вакцини, ризикот од инфекција се намалува на дури 90 проценти, вклучително и инфекции кои не предизвикуваат никакви симптоми.

– Оваа студија покажа дека функционираат нашите напори за вакцинирање на нацијата, рече директорката на ЦДЦ, Рожел Валенски.