Ковид вакцините сериозно го зголемуваат ризикот од воспаление на срцето, обелоденува скандинавска студија. Во некои комбинации од вакцините, ризикот од миокардитис по вакцинацијата зголемен во илјадници проценти, а најризична група се младите мажи.
Студијата објавена во ЈАМА (Journal of the American Medical Association) следела податоци за 23 милиони пациенти постари од 12 години во Данска, Финска, Норвешка и Шведска, од почетокот на вакцинациите во декември 2020 до почетокот на октомври наредната година.
За млади мажи од 16-24 години, во период од 28 дена по втората доза, студијата открила дека сериозен облик на миокардитис (кој бара хоспитализација на човекот) е околу пет пати повообичаен од обично после Фајзер, а 14 пати после Модерна.
Најголем ризик носи комбинацијата на втора Модерна после прв Фајзер кога ризикот е поголем 36 пати. Вакцината на Модерна во себе содржи три пати повеќе мРНК од онаа на Фајзер и авторите веруваат дека тоа е причината за зголемениот ризик.
Некои толкувања на податоците од студијата наведуваат дека ризикот од воспаленија на срцето после вакцинација, во некои комбинации е поголем за дури 120 пати.
Ризикот од миокардитис во оваа голема група е најголем кај младите мажи после втората доза на вакцина и овој ризик треба да се балансира со бенефитите за заштита од сериозна форма на ковид, се препорачува во студијата.
– Со оглед на екстремно нискиот ризик од ковид за здрави млади мажи и значајно зголемениот ризик за сериозен миокардитис кај нив после вакцинацијата, плус ризиците од другите несакани дејства, и краткорочни и долгорочни, нејасно е зошто овие вакцини сè уште не се повлекуваат за помладите возрасни групи, пишува Вил Џонс.
Студијата може да ја прочитате во оригинал ТУКА.