Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски на денешното рочиште за настаните од 27 април објасни дека не е точно она што е наведено во обвинението, дека после Крсто Мукоски, кој ја пееше македонската химна, веднаш излегол пратеникот Зекирија Ибраими, кој пак ја пееше албанската химна.

Според Вељаноски, меѓу обраќањето на Мукоски и Ибраими говореле уште тројца пратеници.

Вељаноски презентираше доказ дека СДСМ со потписи од 31 пратеник седницата да продолжи на 28 април, за што имало и координација.

После поднесокот имало координација каде што присуствувале сите координатори на пратенички групи и договориле седницата да продолжи на 28 април следниот ден во 11 часот, и тука Вељановски ја завршил седницата на 27-ми.