Судењето за предметот „Монструм“ на СЈО за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година и денеска продолжи со прикажување на доказите обезбедени со посебни истражни мерки.
Судијата Огнен Ставрев за разлика од претходното рочиште кога ја исклучи јавноста, денеска дозволи да присуствуваат претставници на ОБСЕ и Коалиција за правично судење, но не и за новинарите.
За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута, но Врховниот суд ги укина пресудите и случајот минатата годна почна од почеток, откако го презеде СЈО.