Продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Предложен од обвинителството, прв сведочеше Ерол Османи, кој го познава Љупчо Палевски- Палчо речиси 25 години, објави ТВ 21.

Сведочеше за нивната комуникација и средби, вклучувајќи детали за возилото и неговите активности на деновите поврзани со случајот.

-Му помагав на Палчо во издавањето на весникот „Глобал“. Бев повикан од уредници да помогнам бидејќи не одеше како што треба, а јас имам познавања од мрежи и компјутери, изјави Османи, опишувајќи го нивниот професионален однос од минатото.

На прашање од обвинителството за средбата на 28 ноември 2023 година, Османи објасни дека Палчо му се јавил претходниот ден и ја одложил посетата заради настинка.

-Ми рече дека е настинат и не можел да дојде на 27-ми, посочи Османи и додаде дека Палчо пристигнал кај него на 28-ми ноември со бело возило.

„Беше некое пикап бело, мислам француско возило. Забележав вдлабнатина на возачката врата“.

На прашањето од јавниот обвинител дали Палчо некогаш доаѓал со оружје, Османи одговори: Не.

Османи исто така истакна дека нивната комуникација обично се одвивала преку телефон или Фејсбук- Месинџер, бидејќи Палчо често не одговарал на телефонските повици.

Во своето сведочење, Османи ги спомена и здравствените проблеми на Палчо, истакнувајќи дека знаел за неговите проблеми со кичмата.

„Знам дека имаше последните две години проблем со кичмата, но не ми спомена дека планира патување и лекување,“ рече Османи.

Сведокот Бучков: Палчо ми должи 15 илјади евра!

Несудениот инвеститор кој му ги дал парите на Палевски биле за парцели кои ги поседувал во општина Центар, но никогаш општината не дала дозвола за градба. Сведокот Ламбе Бучков е сведок на обвинителството кој тврди дека Палевски му должи 15 илјади евра пари кои сведокот ги подигнал на кредит за да го подмири долгот на Палчо кај негов пријател.

Секој ден одел сведокот во седиштето на партијата да си ги бара парите од Палевски, а овој му ветувал дека ќе ги има до петок (01-12-2023).

Сведокот комуницирал со Палевски додека бил во Белград и Турција, му кажал дека ќе се врати наскоро бидејќи му дошла полиција во партијата и барале некое возило. Сведокот тврди дека Палевски имал неколку пиштоли, а Палчо му се жалел дека службите го следеле и му правеле опструкции.

Извор ТВ 21