Одбранбениот фудбалер на Нант, Диего Карлос, го обвини судијата дека го исмевал неговиот тим за време на натпреварот од Француското првенство со Сент-Етиен (0:3).
Според него, судијата Жером Бризар си дозволил неприфатлива изјава на крајот од натпреварот, кога играчите на Нант побарале повеќе дополнително време.
Судијата се насмеал и рекол:
– Дали ви треба повеќе време за да примите и четврти гол?
Карлос вели дека судијата не смеел да го каже тоа.
Изненадувачки, судијата го рече тоа. Има записи од камери, можете да проверите што рекол, изјави фудбалерот на Нант.
Арбитерот одби да го коментира инцидентот, велејќи дека постојат надлежни органи кои ќе ја разјаснат ситуацијата.