Капитенот на Интер, Мауро Икарди, во интервју за „Кориере дело Спорт“ одговори на доста интересни прашања, од кои едно беше за интересот од Реал Мадрид до него.

– Имам јасни цели. Првата беше да играм во Лигата на шампионите и јас го постигнав тоа. Втората е да освоиме трофеј со Интер. Кога ќе дојде време, ќе потпишам нов договор со Интер. Интерес од Реал Мадрид? Сега не е вистинскиот момент. Се чувствувам добро во Интер, изјави аргентинецот.

Тој додаде дека ќе се обидат да ја победат Рома во претостојниот натпревар, бидејќи при евентуален пораз, заостанувњето од Јувентус и Наполи ќе биде значително.