Британската транспортна полиција вечерва соопшти дека реагира на пријави за судир меѓу два воза северно од Лондон.

Службите за итна помош соопштија дека нивни екипи се на местото на несреќата, а според медиумските извештаи има и повредени лица.

„Реагираме на пријави за судир во кој учествувале два воза во областа на Бедфорд“, објави транспортната полиција на платформата Икс.

Бедфорд е трговски град на околу 90 километри северно од британската престолнина.

На видеоснимки објавени на социјалните мрежи може да се види оштетен воз кој е превртен на шините, како и патници кои се наоѓаат на полето покрај него.

Железничката компанија „Ист Мидлендс Реилвеј“ соопшти дека службите за итна помош интервенираат поради инцидент на линијата меѓу станицата „Сент Панкрас“ во Лондон и градот Лестер во централна Англија.

Засега нема официјални податоци за бројот и тежината на повредените. (МИА)