Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година „Титаник 3“ на СЈО.
Во Титаник 3 обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.
Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот.
Како што беше објавено, годинава во СЈО се „случи поплава“ во која настрадаа архивски материјал, сега ќе оди на рочиште да обвинува за „уништување изборен материјал“ за 2013-та. А познато е и тоа дека премиерот „го отвори судството како пупка“ и дека власта не се меша во работата на судовите и обвинителствата.