Судскиот совет денеска назначи шест нови судии во Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје од редот на кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители.
Свечена изјава за Основен граѓански суд Скопје денеска во Судски совет потпишаа судиите Ирена Митреска, Драгана Илиовска и Сања Томиќ Велкоски.
За судии во Основен кривичен суд Скопје беа избрани Лиљана Миланова, Влатко Сековски и Надица Митреска.