Новоизбраните претседатели на судови и судии на Основен кривичен суд Скопје, Основен суд Ресен и Основен суд Штип дадоа свечена изјава пред членовите на Судскиот совет на Македонија, на чие чело е претседателката Весна Дамева.
Свечена изјава пред претседателката и членовите на Судскиот совет, вчера во просториите на Судскиот совет, дале новоизбраните претседатели на Основен кривичен суд Скопје, Иван Џолев и на Основен суд Ресен, Емељ Кранли Али, како и судиите Бранка Наумовска на Основен кривичен суд Скопје и Тодор Поп Панев судија на Основен суд Штип.