Судијата Киро Здравев е избран за нов претседател на Судскиот совет.
За Здравев на денешната седница на Советот едногласно гласале сите 12 членови.
За негов заменик е избран Селим Адеми, кој доби 11 гласови „за“, а едно ливче беше неважечко.
Судијата Здравев е член на Судскиот совет од декември минатата година, а функцијата претседател на Советот ќе ја врши во наредните две години.
На досегашниот претседател на Судскиот совет, Зоран Караџовски мандатот му истекува утре.