Стево Пендаровски е олицетворение на транзицијата, лице од службите, заштитник на криминогеноста, 102,5% заштитник на владеење на заевизмот, рече на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Стево Пендаровски гаси микрофони кога меѓу нарачани говорници ќе се спомене бандитизмот на власта, го видовме тоа видовме во Прилеп, само и само да го заштити криминалот за кој што се обиде да зборува прелажаниот граѓанин. Стево Пендаровски нема ни К за криминалот на власта. Тоа е демократот Пендаровски, тоа е заевизмот во него, тоа е 102,5% Заев. Не треба повеќе за да се докаже заштитата на криминалот, на корупцијата, на непотизмот. Гласот за Стево е глас за поддршка на криминалот од власта. Стево Пендаровски е транзициски профитер од непотизмот спроведуван од СДСМ аминуван од Зоран Заев. Ниту збор нема за партизацијата на државата, на администрацијата. Кандидат за претседател збор нема за партизацијата, местените огласи кои сега се и докажани. Се знае и зошто. Стево Пендаровски профитира токму од непотизмот и од партизацијата, Пендаровски се надева токму на контингенти гласовите од партизирана администрација. Поинаку не знае, поинаку не умее. Ниту тој, ниту Заев, рече Стоилковски.

Затоа, продолжи тој, нема критика од Стево ни за криминалот, ни за партизацијата, ни за злоупотребите на државната администрација во кампањата.

– Глас нема од него за вработувањата и местените огласи од Кирацовски, од Костадинов, од Мира Дизел, од цело СДСМ! Збор немаше и нема да има за полнењето на администрацијата со 3.000 нови партиски војници, деца, внуци, роднини, мајки и дедовци на партиски функционери на СДСМ! Тоа и нема да го слушнете! Се знае и зошто, бидејќи смета токму на тие гласови! Лага е се што ќе каже! И тој и Заев! Не залудно се 102,5% исти. Човекот кој ги легитимираше најкриминалните избори во Република Македонија, не може и не знае ништо повеќе од расфрлање на празни флоскули во заштита на криминалот корупцијата, во заштита на трговијата со влијание! Пендаровски е наследник на истата политика која во 90тите години на минатиот век ја опустоши Македонија. Тоа е истото пустошење го гледаме и денеска! Време е да се стави крај на транзицијата. Македонија не смее да се претвори во приватен пашалак, безимена територија на картелот на власт, на опашката на светот. Време е да се стави крај на транзицислите ликови! Време е да се стави крај на луѓето од службите, луѓето кои тргуваат со правдата, луѓето кои легализираа крвави избори, луѓето кои ја минуваат аболиција за криминал од 8 милиони евра, истакна портпаролот.

Македонија, продолжи Столиковски, нема време за повторно преживување на транзицијата.

– Македонија мора да биде држава во која владее правото, Граѓаните да веруваат во правото и правдата. Правдата е на дофат, правдата победува во Македонија. На 5 мај ќе го зададе последниот удар врз транзицијата, рече портпаролот Стоилковски.