Судски совет го испитува случајот „Палермо“, односно присуството на фудбалскиот натпревар во Италија на судијата Лазар Нанев.
Како што соопштуваат од Судскиот совет, со цел зачувување на довербата на граѓаните во судството, Советот за етика ќе го испитаат евентуално прекршување на етичките норми, а по проверка на сите релевантни наводи за овој случај ќе ја извести јавноста за тоа што ќе се преземе понатаму.
Инаку, Владата веќе објави дека ќе го испитува и патувањето на министерот за правда Тупанчевски, а и антикорупционерите најавија прочешлување на патувањето и на обвинителката Фатиме Фетаи.