Судски совет на полноќ ќе одлучува за имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев за да може евентуално да му биде одредена мерка притвор.
Бидејќи за делото за кое со сомничи е пропишана затворска казна до пет години, согласност за притвор мора да даде Судски совет. За дела за кои лице е затечено на лице место и за кои е пропишана казна над пет години, не треба согласност.
Врховниот судија Георгиев кратко беше член на Судскиот совет, но лани во јули си поднесе оставка од оваа функкција пред официјално да даде заклетва за да може неговиот син да биде избран за судија во Основниот кривичен суд Скопје, како завршен кандидат на Акдемијата за судии и јавни обвинители
Медиумите објавија дека Георгиев бил фатен со сума од 10 000 евра.
Наводно бил пријавен од лице кое тврдело дека му бил баран поткуп во врска со судски случај, а на кого врховниот судија му ветувал олеснителни околности во случајот против поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев поврзан со трговија со марихуана.
Полициски извори потврдиле дека судијата Георгиев бил префрлен, односно се наоѓа во полициската станица Кисела Вода.