Судскиот совет, конечно, по цели 6 месеци резил за судството смогнал сила и го го разрешил апелациониот судија Енвер Беџети, кој од декември 2024 година е ставен на црната листа на американскиот Стејт Департмент на корумпирани функционери, непожелни за влез во САД.

ОЈО води постапка против Беџети, испитуваат коруптивни дела од негова страна и за трговија на влијанија.

Во јануари 2023 година комисијата на Судскиот совет заклучи дека тој намерно го чувал во фиока случајот на Сашо Мијалков, со цел да застари и со тоа го повредил законот, а во ноември истата година беше казнет и со 20% од плата.

За разрешување на судијата Беџети вчера гласале девет членови на Судскиот совет.

Народот за ова вели, по свадба, тапани…

Стејт департментот на САД во декември 2024 година донесе одлука на црната листа да ги стави поранешниот вицепремиер на Македонија, Артан Груби, неговото семејство и судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд, поради нивно учество во значителна корупција.

Според Стејт департментот, тие примиле мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

За Беџети се води и предистражна постапка во Основното јавно обвинителство.