Транспортот и урбанизмот ми се многу јака страна, посебно реализацијата на капиталните проекти, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
– Некој господин Синиша од ВМРО ДПМНЕ пишува по Фејсбук статуси дека сум бегал од дуели. Не бе момче, ниту сум избегал ниту пак ќе бегам, туку морам да ги поправам работите што Вие ги оставивте и направивте непроценливи штети по општеството и врз граѓаните. Друга работа, транспортот и урбанизмот ми се многу јака страна, посебно реализацијата на капиталните проекти кои оваа година ќе надминат преку 80 проценти, објави Сугарески на Фејсбук.
Навистина е убаво кога човек има убаво мислење за себе, а уште поубаво е кога и граѓаните имаат такво мислење за некој министер и кога делата говорат погласно од министерската уста.