Распоредувањето на воен контингент на Велика Британија во Украина, ќе значи дека Лондон ѝ објавил војна на Русија, изјави денеска поранешниот руски претседател и премиер Дмитри Медведев, сегашен заменик челник на рускиот национален Совет за безбедност, предупредувајќи ја британската страна дека ќе ги понесе консенквенците од таквиот потег.

Претходно во петокот Лондон објави дека британскиот премиер Риши Сунак во Киев ветил зголемување на финансиската помош на украинската војска за купување на нови борбени дронови ракети со кои може да се гаѓа руската територија.

Зеленски и Сунак, кој е во посета на Киев, потпишаа билатерален безбедносен договор. Според украинскиот претседател, „обврските на Велика Британија според овој документ ќе останат во сила додека Украина не се приклучи на НАТО“.

Договорот се однесува на размена на разузнавачки информации, соработка во областа на сајбер безбедноста, обука на лекари и воен персонал, како и соработка во одбранбената индустрија. Дополнително, договорот ќе ја обврзе Обединетото Кралство да се „консултира со Украина“ во случај на нов конфликт со Руската Федерација и да му обезбеди на Киев „брза и долгорочна поддршка“ во одбранбените прашања.

Сунак најави и пакет воена помош од 2,5 милијарди фунти за Киев. Велика Британија ќе испорача дополнителни проектили со долг дострел, противтенковско оружје и артилериски гранати како дел од пакетот воена помош за Украина во 2024 година, изјави британскиот премиер. Тој, исто така, вети дека ќе ја пренесе во Украина најголемата серија беспилотни летала што „странските држави некогаш ја пренеле во Украина“.

Русија одамна предупредува на директната вмешаност на Велика Британија во конфликтот во Украина и посочува на десетиците загинати британски војници на боиштето, кои даваат отказ во британската војска за да се приклучат на украинската, како и на постојаното присуство на британски офицери и воени инструктори уште од превратот во март во 2014 година.

„Британскиот премиер Риши Сунак дојде во Киев за да потпише ‘историски безбедносен договор’. Како би реагирала западната јавност на фактот дека британската делегација беше под оган од касетна муниција во центарот на Киев, како што се случи со цивилите на нашите Белгород?“, напиша Медведев на каналот Telegram јасно алудирајќи на неодамнешните вести во британските медиуми дека во руското ракетирање на цели во западна Украина загинале офицери на западните земји кои ги координирале операциите на украинската војска.

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност изрази и надеж дека Лондон разбира „дека најавеното официјално распоредување на британскиот контингент во Украина ќе значи објава на војна на Руската Федерација“.