Повратникот во македонската ракометна Суперлига, Металург 2 во новата сезона ќе биде предводен од Игор Котевски.
Котевски минатата сезона ја тренираше екипата на Бутел, со која постигна одлични резултати, а во Металург 2 доаѓа на местото на Раде Стојановиќ, кој, пак, од оваа сезона ќе го предводи тимот на Охрид.
Котевски првиот тренинг го закажа за 5 август, со почеток во 19.30 часот, кога и ќе стане познато со кој ростер ќе настапува тимот и каков ќе биде планот на подготовките за претстојната сезона.
– Мило ми е што ќе го предводам Металург 2, екипа која традиционално е извор на ракометни таленти. Се надевам дека ќе успеам од нив да направам и подобри играчи и подобри луѓе. Првенството е долго и тешко, но ќе сторам се за да обезбедам опстанок за својот тим. Се уште не знам со кој ростер ќе располагам, но во следниот период и тоа ќе биде расчистено, вели новиот стратег на Металург 2, цитиран од клубот.