Дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер веќе го загуби трпението поради доцнењето на неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед и ќе се обиде да го натера својот клуб да го склучи договорот.

26-годишниот Англичанец го пропушти вчерашниот тренинг на тимот, велејќи дека има проблеми со стомакот. Но, причината е друга, тврди „Сан“.

Мегваер е разочаран што сопственикот на клубот Ајават Сривадананапраба не го почитува договорот што дефанзивецот го склучи пред една година со веќе починатиот Вичаи Сривадананапраба. Договорот беше дека клубот нема да го спречи Мегваер да се пресели во Манчестер Сити или Манчестер Јунајтед доколку Лестер добие соодветна понуда.

Од „Кинг Пауер“ веќе одбија понуда од 70 милиони фунти од „црвените ѓаволи“, откако Лестер бара 10 милиони повеќе. Според „Сан“, Мегваер веќе им кажал на клубот, менаџерот на тимот, Брендан Роџерс и неговите соиграчи дека сака да се пресели во еден од гигантите од Манчестер.

Ако Лестер го продаде Мегваер, тимот ќе се обиде да привлече на негово место некој од Луис Данк или Џејмс Тарковски.