Денеска е 3 јануари според стар стил и се слави Св. Пророк Малахиј.
Според временскиот редослед, тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство.
Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал Ангел, можеби заради неговата надворешна убавина, или заради чистотата на душата или, пак, затоа што се дружел со Божји Ангел. Често говореше со Ангелот лице в лице.
Се случуваше и другите да го чујат гласот на Ангелот, но не беа достојни да му го видат лицето. Она што му го јавуваше Ангелот, младиот пророк го пророкуваше. Викаше кон неблагодарниот Израил и кон беззаконите свештеници.
Петстотини години пред Христа јасно ја прорече појавата на свети Јован Крстител. Но, главно, тој е пророк на Страшниот Суд. Како млад се претстави кај Бога и после него немаше веќе пророк во Израилот до Јован Крстител.